ФИБА отвори истрага против кошаркарската федерација за навивањето во Куманово
- Светската кошаркарска федерација (ФИБА) отвори истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања за време на натпреварот Македонија – Романија одигран во саботата во Куманово.
Скопје, 5 август 2025 (МИА) - Светската кошаркарска федерација (ФИБА) отвори истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања за време на натпреварот Македонија – Романија одигран во саботата во Куманово.
-Во оваа фаза собираме релевантни извештаи поврзани со инцидентот и сме во тесна координација со вклучените национални федерации како и со локалните власти и органите за спроведување на законот, изјавил претставник на ФИБА.
Непримерното однесување на дел од навивачите го осудија Кошаркарската федерација, Министерството за спорт, и сите политички чинители во државата, а Министерството за внатрешни работи веќе презема активности за санкционирање на сторителите. зс/
Фото: МИА