• понеделник, 23 декември 2024

Фејсбук ќе блокира дезинформации во врска со вакцината против Ковид-19

Фејсбук ќе блокира дезинформации во врска со вакцината против Ковид-19
Менло Парк, 4 декември 2020 (МИА) - Фејсбук соопшти дека ќе ги блокира лажните и научно неиздржани тврдења за вакцината  против Ковид-19. Станува збор за проширување на постојните правила на компанијата против дезинформации за пандемијата. Фејсбук се одлучи на овој чекор по веста дека наскоро ќе започне вакцинацијата против коронавирусот низ целиот свет, пренесуваат светските медиуми. Како што наведуваат, идеолошки различни групи ширеа дезинформации за вакцините на социјалните мрежи за време на пандемијата, вклучително и дека истражувањето е спроведено врз луѓе без нивна согласност, поради што компанијата одлучи да застане на патот на лажните вести и дезинформации. Компанијата Јутјуб го стори тоа во октомври. паг/  

Остани поврзан