• петок, 05 декември 2025

Фетаи и амбасадорот Меидани поделија книги за учениците од „Сами Фрашери“ и „Наце Буѓони“ во Куманово

Фетаи и амбасадорот Меидани поделија книги за учениците од „Сами Фрашери“ и „Наце Буѓони“ во Куманово

Куманово, 23 април 2025 (МИА) - По повод Светскиот ден на книгата, заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, заедно со амбасадорот на Албанија во Скопје, Денион Меидани, учествуваа на настан за доделување книги на ученици од прва година во гимназијата „Сами Фрашери“ и техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.

Настанот, како што соопштија денеска од кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, е дел од поширока иницијатива реализирана во соработка со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, преку која се обезбедени 4.200 книги од светската литература.

Донацијата има за цел секој ученик од прва година во средните училишта со настава на албански јазик низ целата земја да добие по една книга. Иницијативата има за цел да ја поттикне културата на читање, да ги збогати училишните библиотеки и да го развива критичкото размислување и креативноста кај младите Албанци.

Заменик-претседателот Фетаи се заблагодари на Министерството за образование и наука, како и на Бирото за развој на образованието, со посебен акцент на заменик-директорката Шпреса Селими, за поддршката и соработката во реализацијата на овој значаен проект за интелектуалното формирање на новите генерации.

Активностите за дистрибуција на книгите ќе продолжат и во наредните денови во други училишта низ државата, како дел од оваа сеопфатна иницијатива за зајакнување на образованието и културата меѓу младите Албанци.ам/бт/


Фото: Кабинет на заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан