• четврток, 26 декември 2024

Фероли: ЕК го осудува секое ограничување на демократските вредности и слободи  

Фероли: ЕК го осудува секое ограничување на демократските вредности и слободи  

Брисел, 12 септември 2024 (МИА) - Генерален и јасен став на Европската комисија е дека го осудува секое ограничување на демократските вредности и основните слободи, како слободата на изразување и здружување, и правото за учество во јавниот живот, изјави денеска портпаролката на ЕК за правда, еднаквост и владеење на правото Јорди Фероли. 

Изјавата на Фероли беше одговор на новинарско прашање во врска со предлог-законот за т.н. странски агенти доставен на усвојување во бугарското Народно собрание, од страна на, како што беше нагласено, проруската партија Преродба. 

Фероли само кусо додаде дека Еврокомисијата не коментира законски решенија предложени во парламентите на земјите членки на ЕУ. 

Партијата Преродба, која е трета по бројност политичка сила во бугарското Собрание, во вторникот предложи усвојување на закон за т.н. странски агенти. Иако, лидерот на партијата Костадин Костадинов изјави дека предлогот се базира на американскиот Закон за регистрација на странски агенти, усвоен во 50-те години на минатиот век, законското решени на Преродба беше оценето како копија на контроверзниот руски закон за ова прашање. сп/

Фото: Скриншот

Остани поврзан