• недела, 22 декември 2024

Фернандеш: Обично Роналдо дава гол, а јас асистирам, овој пат е обратно

Фернандеш: Обично Роналдо дава гол, а јас асистирам, овој пат е обратно
Порто, 30 март 2022 (МИА) - Португалскиот играч за врска Бруно Фернандеш постигна два гола во финалето на плејофот за Светското првенство 2022 година. Португалија синоќа во Порто ја совлада македонската фудбалска репрезентација со 2:0 и обезбеди пласман на Мундијалот во Катар. - Овој натпревар треба да се памети затоа што влеговме на Светското првенство. Беше многу важен натпревар, навивачите беа беспрекорни, атмосферата вечерва беше неверојатна. Луѓето разбираат што ни треба. За мене главната работа е да му помогнам на тимот. Ако е можно и да реализирам. Секако, сите сакаме да постигнуваме гол на секој натпревар, без разлика дали тоа е најважниот или најмалку важен. Не ги губам од вид идеите на нашиот тренер. Секогаш се трудам да го правам она што го бара тренерот. Главната работа е што Португалија победи. Секој има амбиција. Роналдо и јас не сме исклучок. Обично тој постигнува гол, а јас асистирам. Но, овој пат беше обратно, изјави Фернандеш. Репрезентацијата на Португалија шести пат по ред ќе учествува на Мундијалот. Последен пат тимот го пропушти овој турнир во 1998 година. На Светското првенство 2006 година стигна до полуфиналето, во 2010 и 2018 година стигна до 1/8 финалето, во 2002 и 2014 година не ја помина групата. зс/

Остани поврзан