• недела, 22 декември 2024

ФБИ отвори кривична истрага за уривањето на мостот во Балтимор

ФБИ отвори кривична истрага за уривањето на мостот во Балтимор

Балтимор, 15 април 2024 (МИА) - Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) отвори кривична истрага за уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор во кој минатиот месец удри товарен брод, и барем делумно ќе се испита дали екипажот го напуштил пристаништето знаејќи дека бродот има сериозни системски проблеми, рекоа двајца американски функционери кои имаат сознанија за тоа.

Властите ги разгледуваат настаните што доведоа до моментот кога бродот „Дали“ под знаме на Сингапур изагуби струја додека го напушта пристаништето во Балтимор и удри во столб на мостот, рекоа официјалните лица, кои побараа да останат анонимни, пренесе „Вашингтон пост“.

Мостот „Френсис Скот Ки“ се урна пред зори на 26 март, додека осум луѓе работеа на поправка на бетон и пополнување на дупки.

Шест членови на градежната екипа паднааа во водата и го загубија животот, додека двајца преживеаја, соопштија официјални лица. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан