• среда, 04 декември 2024

Фајон: Не е време за покана на Украина во НАТО

Фајон: Не е време за покана на Украина во НАТО

Брисел, 4 декември 2024 (МИА) - Украина е сè поблиску до НАТО, но не е време за официјална покана, изјави словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

- Сите се согласивме дека процесот на приближување на Украина до НАТО е неповратен, но вчера не беше моментот за таква одлука, изјави Фајон.

Словенија поддржува политика на отворени врати на НАТО, а истовремено најави испраќање свој претставник во новоформираното командно тело на НАТО во Германија за координација на западната помош и обука на украинските војници.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибига, побара дополнителна воена помош, нагласувајќи дека Украина нема да прифати никакви гаранции за безбедност освен целосно членство во НАТО. ссм/

фото: архива

Остани поврзан