• петок, 22 ноември 2024

„Фајненшл Тајмс“: ЕУ има намера да собере 15 милијарди евра за Украина од замрзнатите руски средства

„Фајненшл Тајмс“: ЕУ има намера да собере 15 милијарди евра за Украина од замрзнатите руски средства

Брисел, 12 декември 2023 (МИА) - Европската комисија има намера да собере околу 15 милијарди евра до 2027 година за поддршка на Украина од замрзнатите руски средства, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на неименувани извори.

Цел на тој предлог на ЕК ќе бидат само приходите од средствата на руската централна банка, што треба да генерираат до три милијарди евра годишно.

Тој нацрт ќе биде усвоен доколку биде одобрен на состанокот на бордот на Европската комисија што ќе се одржи денеска во Стразбур. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан