Фати ќе пропушти двојно повеќе од првичните прогнози, тренерот Де Зерби разочаран
- Фудбалерот на Брајотн, Ансу Фати сепак ќе пропушти повеќе од првично прогнозираниот еден и пол месец.

Брајтон, 9 декември 2023 (МИА) - Фудбалерот на Брајотн, Ансу Фати сепак ќе пропушти повеќе од првично прогнозираниот еден и пол месец.
- Вестите за Фати се дека ќе му требаат три месеци да закрепне од повредата. Ова е лоша вест за нас, бидејќи тој играше подобро и подобро. Жал ми е за него и за тимот, особено сега кога не играат ниту Велбек, ниту Енцисо, изјави тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби.
Фати е во Брајтон на позајмица од Барселона. Во Премиер лигата, крилниот напаѓач постигна два гола на девет натпревари.
Ансу Фати има повреда на мускул (задната ложа) здобиена на крајот на ноември. Фудбалерот и претходните три години се мачеше со чести повреди. зс/
Фото: ЕПА