Фати се најде во составот на Барселона за прв пат 10 месеци по тешката повреда на коленото
- Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати е вклучен во составот на тимот за натпреварот од 7. коло на шпанското првенство против Леванте, соопшти прес-службата на каталонскиот тим.

Барселона, 25 септември 2021 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати е вклучен во составот на тимот за натпреварот од 7. коло на шпанското првенство против Леванте, соопшти прес-службата на каталонскиот тим.
Осумнаесет годишниот Шпанец се приклучи на Барселона за прв пат од 7 ноември 2020 година. Пред десет месеци на натпреварот против Бетис (5:2), фудбалерот се здоби со тешка повреда на коленото, поради што беше надвор од терените.
Натпреварот Барселона - Леванте ќе се одигра утре (26 септември), со почеток во 16:15 часот.
По пет одиграни средби во тековната сеозна, Барселона има две победи и три нерешени средби. зс/