• вторник, 23 јули 2024

У19: Тесен пораз на македонските фудбалерки од Украина

У19: Тесен пораз на македонските фудбалерки од Украина

Амавир, 30 октомври 2023 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години загуби попладнево од Украина со 2-1 (2-1) во натпреварот за првото место на квалификацискиот турнир во рамки на Б-дивизијата во Лигата на нации на УЕФА.

Македонските фудбалерки својата шанса за место во елитната А-дивизија и продолжување на квалификациите за Европското првенство 2024 во Литванија ќе ја чекаат по комплетирањето на сите квалификациски групи во Б-сегментот по што ќе биде познато која најдобро второпласирана репрезентација ќе ги продолжи евроквалификациите.

Избраничките на селектор Астрит Мерко на денешниот натпревар во ерменскиот град Армавир дојдоа во рано водство со голот на Веса Села во 5. минута, по што противникот дојде до целосен резултатски пресврт преку Викторија Радионова (17м, пенал) и Лилијана Сербук (28).

Во завршните минути од натпреварот поради втор жолт картон беше исклучена Ива Јованоска.

Македонската репрезентација го заврши настапот на квалификацискиот турнир од групата Б4 во Ерменија на второто место со шест бодови, совладувајќи ги убедливо во воведните две кола Луксембург (4-0) и Ерменија (6-0). ег/ар

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан