• понеделник, 25 ноември 2024

У19: Македонските футсалци против Косово и Германија ги почнуваат евроквалификациите

У19: Македонските футсалци против Косово и Германија ги почнуваат евроквалификациите
Нион, 3 ноември 2022 (МИА) – Македонската футсал репрезентација до 19 година денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дозна противниците во прелиминарната рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство кое идната година ќе се одржи во хрватскиот град Пореч. Македонските футсалци ќе играат во групата Ц против Косово и Германија. Натпреварите ќе се играат во Скопје од 17 до 22 јануари, а пласман во главната рунда во евроквалификациите ќе обезбеди првопласираната репрезентација. Победникот од прелиминарната група Ц ќе ги продолжи квалификациите за ЕУРО2023 во група со Португалија, Словачка и Белорусија. ег/

Остани поврзан