• четврток, 11 јули 2024

УЈП ја објави листата на даночни должници

УЈП ја објави листата на даночни должници

10 јунли 2024

10 ГОДИНИ УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ТРАНСПАРЕНТНО ГИ ОБЈАВУВА НЕДИСЦИПЛИРАНИТЕ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ

Пред десет години, на 10 јуни 2014 година Управата за јавни приходи на својата веб страна ја објави првата Листа на должници.

Објавата на листа на должници е мерка која ја применуваат даночните администрации како одраз на својата транспарентност и отчетност пред јавноста за дисциплината на даночните обврзници, како и за својата ефикасност во управувањето со заостанатите долгови. "Општествениот договор" за плаќање даноци се заснова на принципот секој даночен обврзник да го плати точниот износ на данок што го должи, во точно време а нередовното и нецелосно плаќање на даночните обврски, како појава која генерира заостанати – неплатени даночни долгови, е негативна отстапка од овој принцип. При тоа, доцнењето при плаќањето може да произлегува и од финансиски потешкотии на даночниот обврзник, но таквото доцнење може да биде прифатено од УЈП и не се гледа преку листата на должници доколку даночниот обврзник истото го регулирал на законски дозволен начин преку механизмот одложено плаќање (репрограм).

Директорката на Управата за јавни приходи истакна дека Управата за јавни приходи  во иднина ќе се стреми кон промовирање на однесувањето на мнозинството даночни обврзници кои се даночно усогласени и го преземаат товарот да ја полнат државната каса, а зголемена ефикасност во наплатата на заостанатите долгови преку автоматизација на деловните процеси, електронско управување со работниот тек во функциите, објективна селекција се новиот предизвик на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи денес 10 јули 2024 година ја објави Листа на должници бр.07/2024 за долгови доспеани до 31.03.2024 и неплатени до 30.06.2024 година. Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи секој месец најдоцна до 10 ти во месецот согласно Законот за даночна постапка.

Управа за јавни приходи 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан