• понеделник, 23 декември 2024

УЈП најави контроли во финансиското работење на штандовите на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“

УЈП најави контроли во финансиското работење на штандовите на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“

Кочани, 26 септември 2024 (МИА) – Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи најави строги контроли на финансиското работење на правните и физичките лица кои ќе постават продажни штандови на претстојната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“. 

На прес-конференцијата што се одржа во простории на УЈП во Кочани беше нагласено дека субјектите кои планираат да учествуваат со поставување штандови, треба да се пријават за извршување трговска и занаетчиска дејност.

-Правните лица имаат обврска да користат одобрен фискален систем на опрема, односно да имаат фискални уреди и да издаваат фискални сметки. Значи, имаат обврска налепницата „Задолжително побарај фискална сметка" да ја стават на видно место со цел граѓанинот да знае дека и тој има обврска да си ја побара фискалната сметка. Оставарениот промет имаат обврска да го уплатат во текот на наредните денови. Освен правните, можат да учествуваат и физички лица кои се занимаваат со дејност од времен карактер, односно улични продавачите на пуканки, палачинки, кафе, сокови и слично. Тие имаат обврска до Управата за јавни приходи да поднесат барање за паушално плаќање на данок на личен доход, за што ќе им биде издадено решение за времен карактер и налог за плаќање, истакна Маре Данкова, регионален портпарол на Управата за јавни приходи.

Доколку физичките лица не поденсат барање за паушално плаќање данок на личен доход, Управата за јавни приходи ќе им изрече парична казна во вредност од 50 до 250 евра во денарска противвредност.

Правните лица пак, ќе се соочат со глоба од 300 до 10 илјади евра ако не издаваат фискална сметка , во зависност од тоа како е регистриран субјектот.

та

фото: МИА

 

Остани поврзан