• петок, 11 октомври 2024

Ујвари: ЕК одвои уште 40 милиони евра за поддршка на украинските цивили погодени од војната 

Ујвари: ЕК одвои уште 40 милиони евра за поддршка на украинските цивили погодени од војната 

Брисел, 6 септември 2024 (МИА) - Во услови на засилени напади врз енергетската инфраструктура во Украина, Европската комисија реши да одвои дополнителни 40 милиони евра за помош на Украинците во пресрет на претстојната зима, соопшти денеска портпаролот на ЕК за буџет, човечки ресурси, хуманитарна помош и справување со кризи Балаш Ујвари. 

- Од овие средства, 35 милиони евра се наменети за хуманитарни проекти во Украина, а пет милиони евра за поддршка на украинските бегалци и нивните домаќини во Молдавија, истакна Ујвари. 

Тој нагласи дека средствата за хуманитарни проекти во Украина ќе бидат искористени за поправка на оштетените згради, за дистрибуција на електрична енергија и греење, како и да обезбедување сместување за оние на кои им е најпотребно.  

Средствата доделени за Молдавија се наменети за обезбедување заштита и основни услуги на украинските бегалци, како и за подобрување на подготвеноста за евентуални дополнителни бегалски бранови. 

Најавата доаѓа во време кога еврокомесарот за справување со кризи Јанез Ленарчич престојува во Литванија, каде учествува на регионалниот форум за цивилна заштита на кој фокусот е на мобилизирање на дополнителна поддршка за Украина пред претстојната зима.  

Според Ленарчич, војната на Русија против Украина продолжи да ескалира во 2024 година без да и се гледа крајот, со што животите на цивилите се изложени на постојана опасност.  

- Зимата што се приближува само ќе ги зголеми овие проблеми. Заедно со нашите хуманитарни партнери веќе се подготвуваме за предизвиците што зимата ќе и ги донесе на Украина, истакна Ленерчич. 

Тој потсети дека со денеска одвоените средства, вкупната поддршка на ЕУ за Украина во 2024 година достигнаа 110 милиони евра, а за Молдавија 13 милиони евра.  

Еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, повика сите страни во јеменскиот конфликт да дозволат пристап за хуманитарната помош во оваа земја, Европската Комисија денеска одржа соста

- Сакам да им се заблагодарам и на Литванија и на сите други земји кои продолжуваат да нудат витални енергетски ресурси преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Вашата солидарност со Украина е важна како и секогаш, додаде Ленерчич. 

Според податоците на Европската комисија, од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, па досега, ЕУ додели вкупно 966 милиони евра за програми за хуманитарна помош на цивилите погодени од војната. Од овие средства, 895 милиони евра беа наменети за хуманитарни програми во Украина, а 71 милион евра за поддршка на украинските бегалците во соседна Молдавија. 

Покрај овие финансиски средства, преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ обезбедени се и над 150 000 тони помош, вклучително и амбулантни и противпожарни возила, лекови, монтажни објекти за сместување, генератори на струја и медицинска и специјализирана опрема за справување со ризиците по јавното здравје, како што се хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани. сп/

Фото: Скриншто/МИА Архива

Остани поврзан