• четврток, 21 ноември 2024

Уште еден возач казнет за ГН на САД во недела

Уште еден возач казнет за ГН на САД во недела

Остин, 19 октомври 2024 (МИА) - Гуанју Жоу е вториот возач кој доби казна за ГН на САД во недела.

Кинескиот возач на Заубер ќе падне за пет места на стартната линија бидејќи ја користи својата четврта од само две дозволени батерии во сезоната за време на петочниот тренинг на патеката во Остин. Бидејќи ова е втор дополнителен број од соодветната компонента, казната за Жоу е пет, а не десет места.

Покрај него, казнет е и Лиам Лосон, кој има целосно нов погонски систем. Поради оваа причина, Новозеланѓанецот ќе биде испратен да стартува од дното на гридот во недела и ќе стартува зад Жоу, без разлика на нивниот резултат во саботните квалификации.

За Жоу оваа казна најверојатно нема да има голем негативен ефект, бидејќи тој и неговиот тимски колега Валтери Ботас речиси секогаш се на последните позиции на квалификацискиот поредок. Сосема е можно суспензијата на Лосон да го однесе Жоу на понапредна позиција на стартот, иако и тој има суспензија, што почна да се случува прилично често во последно време. дс

Фото: Архива

Остани поврзан