• петок, 05 декември 2025

Ушаков: САД и Русија планираат да разменат по девет затвореници

Ушаков: САД и Русија планираат да разменат по девет затвореници

Москва, 19 мај 2025 (МИА) - Русија и САД планираат да разменат по девет затвореници како дел од новиот договор за размена, соопшти Кремљ, пренесе ДПА.

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп за ваквиот  договор разговараа за време на денешниот двочасовен телефонски разговор, изјави советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков за руските медиуми.

И покрај тековните политички тензии, Москва и Вашингтон продолжуваат да вршат размена на затвореници.

-Ова е важна хуманитарна иницијатива, рече Ушаков.

Советникот на рускиот претседател го опиша разговорот меѓу двајцата лидери како конструктивен и отворен, додавајќи дека траел два часа и пет минути.сд/

фото:МИа Архива

Остани поврзан