• четврток, 30 јануари 2025

„Учи паметно работи стручно“ во Куманово

„Учи паметно работи стручно“ во Куманово

Куманово, 30 јануари 2025 (МИА) - Кумановските компании бараат архитекти, но и фасадери, покажала анкетата што ја спроведе секторот за образование од општина Куманово, што денеска беше презентирана во рамки на социјалниот дијалог „Учи паметно работи стручно“.

Дуалното образование дава можности за намалување на невработеноста на локално ниво, кажаа директорите на стручните училишта.

- Веќе четврта година Министерство за образование и наука во соработка со швајцарска амбасада за развој го организира и го спроведува и се однесува на часови т.е настава за зголемен број на часови во средните стручни училишта или дуални паралелки. Подготвивме анализа од претходно поделен анкети помеѓу компаниите на територија на општина Куманово од страна на средните стручни училишта вкупно 67 компании го пополнија. Од 31 март, откако ќе биде објавен огласот, учениците ќе можат да конкурираат, изјави раководителот на секторот, Александар Јовановиќ.

Од 2021 ефектот е видлив, повеќе ученици во Куманово го избираат стручното образование, наспрема гимназиското, кое пред деценија беше од најпосакуваните. Во стручните училишта има голем број на насоки и паралелки, но за оваа година има интерес за фасадери, архитекти, градежни работници.

Од државното училиште „Кир Бурназ“ имаат склучено договори со над 80 компании од различни дејности, козметички салони, фризерски салови, со аптеки … Лани учениците барале отварање насока за патен сообраќај и за дентален и фармацевтски техничар.

- Во овој момент, веќе имаме интерес од ученици од деветоодделенци најмногу за здравствена струка, но и за ветеринарна и за земјоделска, изјави директорката на училиштето, Весна Трајковска. Лани ова училиште после децении имаше најголем број запишани ученици. Во стручното „Перо Наков“ пак најголем интерес имало за е-трговија и за дигитален маркетинг во македонските паралелки, за правен техничар дуел на паралелка во албанските паралелки. И годинава очекуваме сличен интерес и да напомнам дека секогаш има интерес за техничар за графички дизајнер, изјави директорката на училиштето, Мила Жибак Димковска.

„Наце Буѓони“ има склучено договор со германски гигант, фирма која нуди одлични услови за развој и учење на учениците.

- Во преговори сме со други гиганти, имаме насоки кои можат да следат, изјави директорот на училиштето, Драган Јаневски.

Дуалните паралелки кои овозможуваат поголем фонд практична настава ја користат учениците кои сакаат да ги усовршат знаењата и вештините за одредена струка. Лани на подрачјето на Куманово имало 18 паралелки за дуално образование што е прилично висока бројка, опфаќајќи го и државното стручно „Киро Бурназ“ кое опфаќа ученици од општината и има нови струки, што дополнително го зголеми интересот за стручно образование. ам/цр


Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан