• понеделник, 23 декември 2024

Училиштата во Црна Гора наскоро ќе добијат помошници заради спречување вандализам

Училиштата во Црна Гора наскоро ќе добијат помошници заради спречување вандализам

Подгорица, 6 септември 2023 (МИА) - Училиштата во Црна Гора наскоро ќе добијат помошници кои ќе му помогнат на персоналот во спречувањето на насилство и вандализaм.

Како што е најавено во документот објавен на веб-страницата на Владата на Црна Гора, асистентите ќе се обучуваат на Полициската академија во Даниловград и обуката ќе трае 35 дена.

Кандидатите треба да се пријават до 29 септември, за обуката која ќе започне на 2 октомври, а предвидено е на програмата да има 20 учесници. ссм/

фото: архива

Остани поврзан