Ученици од општина Илинден на средба со градоначалникот Александар Георгиевски
- Во рамки на воспитно-образовната програма во ООУ„Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение беа во посета на градоначалникот, Александар Георгиевски и локалната самоуправа.

Скопје, 22 ноември 2023 (МИА) - Во рамки на воспитно-образовната програма во ООУ„Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение беа во посета на градоначалникот, Александар Георгиевски и локалната самоуправа.
Градоначалникот Георгиевски, како што информираат од општинската прес-служба, им посака топло добредојде и им се заблагодари за посетата која имаше едукативен карактер.
-За време на оваа едукативна посетата, учениците имаа доста интересни прашања кои беа упатени до градоначалникот и работата на локалната самоуправа. Во рамки на посетата учениците на градоначалникот му подарија и рачно изработен подарок, а имаа можност и да го разгледаат градоначалничкиот кабинет, се наведува во соопштението. дма/нд/
Фото: Општина Илинден