• понеделник, 23 декември 2024

Учениците од проектот ,,Суперучилишта" на прием кај делчевскиот градоначалник Трајковски

Учениците од проектот ,,Суперучилишта

Делчево, 27 април 2023 (МИА) - Претставници од Средното стручно училиште од Пирот, Република Србија и од делчевскиот средношколски центар „Методи Митевски-Брицо“, денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, во рамките на проектот „Супер училишта".

Проектот е дел од програмата на долгорочни партнерства Don’t Give Up, Gift UP, а  носители на проектот се гимназијата „Методи Митевски – Брицо“ од Делчево и Средната стручна школа од Пирот коишто втора година по ред испишуваат меѓусебна соработка и разменуваат искуства од двата средношколски центри и од двете држави.

Главна тема на состанокот беше имплементацијата на проектот кој е во насока на промовирање и подобрување на квалитетот на стручното образование, но и за очекуваните резултати од реализацијата на Проектот „Супер училишта“.

Градоначалникот Трајковски изрази задоволство што двете училишта градат  соработка која ќе даде придонес за проширување на видиците на учениците, размената на искуства, но и кариерен и личен развој.

Суперучилишта е програма на RYCO за училишна размена во регионот со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и интеркултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. 

Програмата е дел од мултидонаторскиот проект „Програма за размена на училишта во Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). вс/дма/

 

Фото:МИА

 

 

Остани поврзан