Учениците од Општина Тетово први ќе добијат картички за бесплатен јавен превоз
- чениците од основните и средните тетовски училишта први ќе добијат картички за бесплатен јавен превоз со автобуси на општинското претријатие. Со ова постепено почнува примената на одлуката на Советот на Општина Тетово на седмата седница на 30 декември 2025 година за воведување на бесплатен автобуски градски превоз.
Тетово, 26 јануари 2025 (МИА) - Учениците од основните и средните тетовски училишта први ќе добијат картички за бесплатен јавен превоз со автобуси на општинското претријатие. Со ова постепено почнува примената на одлуката на Советот на Општина Тетово на седмата седница на 30 декември 2025 година за воведување на бесплатен автобуски градски превоз.
-Ваков превоз ќе има и за здруженија и институции кои ќе потпишат меморандум за соработка со Општина Тетово“, информираат од ЈП „Тетово Транспорт“ – Тетово
Сега учениците од основните училишта својата бесплатан картичка за бесплатен јавен превоз треба да ја подигнат лично со придружба на родител/старател, прикажувајќи идентификациски документ (пасош или извод од матична книга на родени).
-Учениците од средните училишта – картата можат да ја подигнат лично, прикажувајќи идентификациски документ (пасош, лична карта или извод од матична книга на родени), соопшти денес ЈП „Тетово Транспорт“ – Тетово.
Просториите на ЈП „Тетово Транспорт“ се на ул. Илинденска бр. 335, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа (Штулов Универзитет) во Објект 701, канцеларија број 8. ас/лв/
фото МИА архива