• среда, 19 февруари 2025

УХМР: Студен бран со врнежи од снег

УХМР: Студен бран со врнежи од снег

Скопје, 16 февруари 2025 (МИА) - Повремен дожд, а на планините слаб снег ќе има утре уште од утрото, особено на север и на исток од државава, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. 

Преку денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд, кои повремено ќе преминуваат во снег. Слаб снег ќе има и во текот на ноќта понекаде во планинските региони. 

-Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.  Дневните температури ќе бидат за 3 до 5 степени пониски, соопшти УХМР. 

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со услови за слаб повремен дожд, на повисоко со услови за слаб снег и со слаб до умерен северен ветер кој ќе засилува. 

-Од овие врнежи постојната снежна покривка ќе се прошири, особено на северозапад, и потоа и на исток и понекаде и на повисоките места. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време, со ниски утрински температури, прогнозира УХМР. хс/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан