• петок, 05 декември 2025

УХМР: Следува период на стабилно и суво време со пониски температури

УХМР: Следува период на стабилно и суво време со пониски температури

Скопје, 28 октомври 2025 (МИА) - Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има
услови за појава на магла или ниска облачност, најавуваат од Управата за хидро-метеоролошки работи.

Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст. сст/вј/

Фото МИА архива

Остани поврзан