УХМР: Следува облачно и дождливо време, во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни
- Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат денеска од УХМР.
Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) - Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат денеска од УХМР.
Во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, кој ќе надминува брзина од 70 km/h. сст/вг/
Фото МИА архива