• четврток, 17 јули 2025

УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура

УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура

Скопје, 5 јули 2025 (МИА) - До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40 степени. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а в среда, претежно во северните делови од земјава, ќе има локален дожд.

Според прогнозата на Управата за хидтрометеоролошки работи, максималната температура во четврток и петок ќе достигне 32 односно 33 степени. 

За утре попладне и во вечерните часови УХМР најавува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

-Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец, соопшти УХМР. хс/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан