• четврток, 24 октомври 2024

УХМР: До среда сончево и топло, на одредени места со температури до 40 степени

УХМР: До среда сончево и топло, на одредени места со температури до 40 степени

Скопје, 9 јуни 2024 (МИА) - До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а на места ќе достигнува до 40
степени.

Во попладневните часови, особено утре, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. 

Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и
грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. 

Времето во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност, со слаб ветер од југоисточен правец и температура до 35 степени. сст/

фото МИА архива

Остани поврзан