• четврток, 26 март 2026

Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури

Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури

Скопје, 6 август 2025 (МИА) - Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во текот на наредните денови следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура. сст/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан