Утре слаб локален дожд, а потоа стабилно, суво и постудено
- В среда наместа ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, соопшти УХМР.
Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - В среда наместа ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, соопшти УХМР.
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури ќе бидат пониски.
Фото: МИА