• понеделник, 23 декември 2024

Утре почнува вториот „Струмица класика интернационален фестивал“

Утре почнува вториот „Струмица класика интернационален фестивал“

Струмица, 31 мај 2023 (МИА) - Од утре до 9-ти овој месец во Струмица, во Центарот за култура „Антон Панов“, во Градската уметничка галерија и Црквата „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, ќе се одржува вториот „Струмица класика интернационален фестивал“, на кој освен солистичка и хорска музика, најголемиот дел од програмата е посветен на камерната музика.

Идејниот творец и селектор на фестивалската програма, професорот Васил Атанасов, на денешната прес - конференција ја објави фестивалкската програма, на која ќе има пет концерти.

-Ќе имаме гости од Бугарија, Србија и Словенија, но ќе ги претставиме и врвните македонски уметници кои ја негуваат камерната музика. Струмица е град со традиција и историско културно наследство од сите сфери, град кој ја сака музичката уметност, театарот, филмот, сликарството и културата воопшто и има убава традиција на културни настани. Со овој фестивал сметаме дека ќе го збогатуваме културното живеење на Струмица и регионот, бидејќи градот го заслужува тоа не само заради традицијата која ја има, туку и заради местоположбата на градот со соседите со што ќе стане уметнички центар на Балканот, рече Атанасов.

Фестивал утревечер ќе го отвори Дуо „Селена“ од Бугарија со настапот на Кохар Андонијан и Лилијана Стоева на Келтски харфи, а во во наредните денови ќе настапат камерни музичари од земјава и странство.

Фестивалот е финансиски поддржан од градоначалникот и Советот на Општина Струмица. рт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан