• среда, 24 април 2024

Утре истекува рокот за пријавување за атлетската трка „Трчаме за Рацин“

Утре истекува рокот за пријавување за атлетската трка „Трчаме за Рацин“

Велес, 3 јуни 2023 (МИА) - Во рамките на годинашните „Рацинови средби“ во Велес на 11 јуни по вторпат ќе се одржи Атлетската трка низ велешките главни улици насловена „Трчаме за Рацин“, а во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

Трката ја организира АК „Борец“ со поддршка на Општина Велес. Се трча на 5 и 10 километри, а претходно ќе има и детска трка. Детската трка е на 400 метри, а за неа се предвидени стотина учесници.

Како што информира за МИА, Лазе Петрушев од АК „Борец“, досега за трката се пријавиле над 400 учесници од земјава како и од Србија и од Косово.

Пријавувањето е до утре, недела 4 јуни, а се врши електронски преку веб страницата на трката „Трчаме за Рацин“.

Стартот на трката е на 11 јуни во 19 часот на главната улица спроти споменикот на Рацин пред  Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.

Организаторите за најдобрите во машка и женска конкуренција обезбедија и вредни парични награди за освоено прво, второ и трето место. ад/вг/

 

Фото: Општина Велес

Остани поврзан