• среда, 22 мај 2024

Утре времен режим на сообраќај на улицата „808“ во скопската населба Автокоманда 

Утре времен режим на сообраќај на улицата „808“ во скопската населба Автокоманда 

Скопје, 21 август 2023 (МИА) - Поради изведба на градежни активности за реконструкција на коловозот во насока на движење од улица „16-та Македонска бригада“ до булеварот „Киро Глигоров“ утре во периодот од 7:00 до 15:00 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај на улицата „808“ во населбата Автокоманда, информираат од ЈП „Улици и патишта“ - Скопје.

-Реконструкцијата ќе се одвива фазно, односно при изведбата  на градежните активности ќе биде затворена едната, а потоа и другата коловозна лента од улицата „808“ и работите ќе се одвиваат со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, велат од ЈП „Улици и патишта“ и апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот. вј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан