• вторник, 18 јуни 2024

Утре во Тетово ќе се изврши прва дезинсекција за уништување комарци и штетници

Утре во Тетово ќе се изврши прва дезинсекција за уништување комарци и штетници

Тетово, 3 август 2023 (МИА) - Општина Тетово информира дека утре на подрачјето на градот ќе се изврши прва дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници. Дезинсекцијата почнува од 22 часот, а од општината апелираат да се засолнат пчелите, додека граѓаните да не излегуваат на улица додека трае постапката.

-Д.П.Т.У. ПРОНТТО Дооел во соработка со Општина Тетово ќе ја реализира првата  дезинсекција на подрачјето на Градот Тетово за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници.  Дезинсекцијата ќе се изведува навечер после 22:00 часот до раните утрински часови, само под поволни временски услови, ако случајно времето е врнежливо или е со јак ветер дезинсекцијата ce одложува за утредента или евентуално за некој нареден ден со поволни временски услови, информираат од општината.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека е потребно граѓаните да не излегуваат на улица додека трае дезинсекцијата во градот, а автомобилите да се отстранат од тротоарите и пред зелените површини, за екипите да можат непречено да го применат третманот.

-За дезинсекцијата ќе ce употреби средството AKVA K-OTHRINE 2 KW 1 концентрација пропишана од производителот по упатство за употреба во однос 50 мл /Тл. Затоа, граѓаните кои се занимаваат со пчеларство мора да преземат заштитни мерки, што подразбира засолнување на пчелите во нивните сандаци, обезбедување на потребната количина на вода, држење на пчелите затворени најмалку 5-6 часа по третирањето на територијата, информира Општина Тетово.ас/фф/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан