Утре во Струмица ќе се одржи Бадникарска поворка и концерт на плоштадот
- Децата од школото за веронаука при Струмичката епархија утре ќе учествуваат на Бадникарската поворка, која ќе тргне од храмот „Свети Кирил и Методиј“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“, каде
Струмица, 5 јануари 2022 (МИА) - Децата од школото за веронаука при Струмичката епархија утре ќе учествуваат на Бадникарската поворка, која ќе тргне од храмот „Свети Кирил и Методиј“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“, каде ќе се одржи концерт со божикни песни, каланди.
-Самата смисла на бадникарските песни, на коледарските песни, е навестувањето на Христовото рождество чиј што извор е црквата. За жал имаме и поразлични бадникарски песни во овие простори кои што црпат пагански корени и го немаат тој христијански дух, нешто што ние всушност се обидувбаме да го смениме со овие дечиња и со овие поворки и овој концерт, рече Лука Митев од Детскиот хор при Школата за веронаука на Струмилката епархија.
Божиќниот концерт има хуманитарен карактер, а донациите собрани за време на неговото одржување заедно со средствата од продажбата на ракотворбите од школото за веронаука кои ќе се продаваат на новогодишниот базар, ќе бидат наменети за лекување на двајца струмичани. рт/сст/