• понеделник, 13 мај 2024

Утре без струја дел од Чучер Сандево и Сарај, а без вода дел од Карпош и Гази Баба

Утре без струја дел од Чучер Сандево и Сарај, а без вода дел од Карпош и Гази Баба

Скопје, 12 јули 2023 (МИА) - Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Чучер Сандево и Сарај.

- Во период од 9:00 до 15:00 чаот без струја ќе бидат дел од корисниците од Чучер Сандево, а од 11:00 до 14:00 часот корисниците од ул.„1721“ од Сарај кон Глумово, информираат попладнево од РЦУК Скопје.

Без вода утре поради реконструкција на водоводна мрежа ф150мм на ул. „Рилски конгрес“ бр.1 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Рилски Конгрес“ и дел од „Партениј Зографски“ во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со интервенцијата.

Поради дефект на улица „Ташко Караџа“ бр.9, утре без вода ќе бидат корисниците од оваа улица, како и дел од улиците „Трифун Хаџијанев“ и „Бапчор“ во општина Гази Баба. Прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, информираат од РЦУК Скопје. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан