Утре без вода корисниците лоцирани околу Градски парк и Градски стадион
- Без вода утре од девет часот ќе бидат корисниците лоцирани на потегот од Градски парк – Фонтана до Влада и дел од Градски парк и Градски стадион.
Скопје, 11 јули 2023 (МИА) - Без вода утре од девет часот ќе бидат корисниците лоцирани на потегот од Градски парк – Фонтана до Влада и дел од Градски парк и Градски стадион.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на ул.„Ристо Шишков“ раскрсница со „Благоја Страчков“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.фф/лв/
Фото: МИА Архива