• петок, 29 март 2024

Утврдени законите за ратификација на договорите за слободно движење со лични карти и признавање дипломи

Утврдени законите за ратификација на договорите за слободно движење со лични карти и признавање дипломи

Скопје, 14 март 2023 (МИА) - Владата денеска на седница го утврдила текстот на предлог - законите за ратификација на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан, на Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан и на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите, во контекст на Централно-европскиот Договор за слободна трговија.

Одлуките се донесени на 135-та владина седница, по предлози од Министерството за надворешни работи.

Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан е склучен во Берлин на 3 ноември 2022 година меѓу шесте земји  во регионот и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово Црна Гора, Северна Македонија и Србија, а е иницијатива на нашата земја од зедничкото ко-претседавање со Бугарија со Берлинскиот процес, со намера да се преслика моделот на билатерални договори за слободно патување со лични карти.- Договорот, според образложеното од предлагачот, има за цел натамошно унапредување на соработката и олеснување на условите за патувањето, вклучително и унапредување на односите помеѓу земјите од Западен Балкан, преку поедноставување на административните постапки во поглед на влез, транзит и краткорочен престој на лицата носители на лични карти, издадени од наведените земји, информира владината прес-служба.Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, според информацијата од Министерството за надоврешни работи, е во согласност со Лисабонската Конвенција за признавање на квалификации коишто се однесуваат на високото образование во европскиот простор, како дел од иницијативата за формирање Регионален Економски Пазар 2021-2024, согласно заклучоците од Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Софија (2020 година), а е во насока на постигнување успешна и целосна имплементација на одредбите за внатрешен пазар на ЕУ, во рамки на сите шест земји од Западен Балкан.  

Со Договорот, се посочува во соопштението од владината прес-служба, се уредува признавањето на високообразовните квалификации, продолжувањето на студиите и пристапот до нерегулираниот пазар на труд во секоја од Страните.Владата го утврди и текстот на Предлогот на закон за ратификација на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите, во контекст на Централно-европскиот Договор за слободна трговија.Договорот, како што е објаснето од предлагачот, предвидува автоматско признавање на професионалните квалификации врз основа на минималните барања за трите професии утврдени со овој Договор и со Директива 2005/36/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 7 септември 2005 година, за признавање на професионалните квалификации, изменета со Директивата 2013/55/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 20 ноември 2013 година.

Договорот предвидува заедничка постапка за признавање на професионални квалификации, постапката за регресно признавање квалификации, ги предвидува јавните исправи коишто се потребни за признавање на професионалните квалификации, за употреба на професионални звања на квалификации, како и употреба на академски звања.На предлог на Министерството за одбрана, Владата на денешната седница донела одлуки за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на повеќе вежби, во: Сојузна Република Германија, Република Грција, Република Бугарија, Република Турција, Република Полска, Република Словенија. цр/лв/

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Остани поврзан