• четврток, 19 декември 2024

Уставниот суд поведе постапка за Одлука со која е донесен ДУП од Советот на општина Центар во 2014-та година

Уставниот суд поведе постапка за Одлука со која е донесен ДУП од Советот на општина Центар во 2014-та година
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) - Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 18 јули 2014-та година. Основна причина поради што судот се одлучил за поведување постапка е дека оспорената Одлука не била донесена со потребно мнозинство, согласно Законот за локална самоуправа. Од Уставниот суд информираат дека ова е прва фаза кога Судот формално-правно изразува сомнеж во уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на ДУП-от, кој се однесува на Градска четврт Ј 07. - Решението за поведување постапка ќе биде доставено на Општина Центар како доносител на актот и треба да се изјасни во одреден рок, по што советникот и судијата-известител ќе го напишат конечниот предлог кој треба да се разгледа и одлучи на седница на Уставниот суд, се наведува во соопштението од Уставниот суд. На денешната седница на Уставниот суд биле ставени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за слободи и права. Како што информираа, Уставниот суд не повел постапка за оценување на уставноста на Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020) во целина и посебно за член 15 став 5 во деловите: „како и предлог закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект,“ и „и предлог законот од овој член“, став 6 во делот: „и го утврдува текстот на предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект“ и став 8: во делот „по влегувањето во сила на законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект,“, како и член 17 во делот: „ќе се издаваат во рокови утврдени со закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект.“ од истиот закон; и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 11 став 1 точка 6 од Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020). Подносител било Здружението на граѓани „Ековита” од Неготино Нe е поведена постапка за оценување на уставноста и на член 19 став 16 во делот: „надлежен суд“ од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија  бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019, 14/2020, 215/2021и 99/2022). Подносител бил Oливер Давидовски. Судот го одложил разгледувањето и одлучувањето по предметот за наредната седница на Судот, поради отсуството на судијата-известител. - Оспорен: Член 219 став 2 од Колективниот договор на МВР („Службен весник на Република Север- на Македонија“ бр.149/2021). Подносител: Синдикат на Полиција на Македонија од Велес, стои во соопштението од Уставниот суд. На седницата не се повела постапка и за оценување на уставноста и законитоста на  член 17 став 2 од Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и други  лица што вршат работи во и за Министерството за надворешни работи, бр.01-5710/1 од 1 јули 2013 година, донесен од министерот за надворешни работи. Подносител била Синдикална организација „Македонски Дипломатски Синдикат“, преку претседателот Зоран Дабиќ. - Се отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорените судски одлуки: Решение ГЖ.бр.1009/12 од 26.09.2012 година на Апелациониот суд Скопје; Пресуда П1-бр.133/12 од 28.12.2012 година на Основниот суд Кавадарци; Пресуда ГЖ.бр.904/13 од 17.10.2013 година на Апелациониот суд Скопје и Решение Рев2.бр.58/2014 од 13.07.2014 година на Врховниот суд на Република Македонија. Подносител: Орданчо Танчев, се појаснува во соопштението. Одбиено било и барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, за кои смета дека му се повредени со Решението К.бр.273/20 од 04.01.2021 година и Решението КС-КР бр.4/21 од 11.02.2021 година на Основниот суд во Кочани. Предлогот не го добил потребното мнозинство гласови. Подносител на иницијатива бил Панче Докузов. - Оспорен: Член 6 ставови 2 и 3, член 7 став 1, член 8 став 3, член 100 став 6 во делот: „и усвојување“ и став 8 од Законот за Судски совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.102/2019), соопштија од Уставниот суд. цр/са/    

Остани поврзан