• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за членовите 17 и 18 од Изборниот законик

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за членовите 17 и 18 од Изборниот законик

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) – Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучи да поведе постапка по иницијатива за Изборниот законик со која се оспорени членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. 

Подносителите на Иницијативата за Изборниот законик сметаат дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик, кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници. 

Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на избори на 1 отсто од гласачкото тело, што, според нив, предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите. 

Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1000 гласачи. 

Дополнително, според подносителите, спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа. ар/ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан