• петок, 22 ноември 2024

Успешен пробен лет со целосно синтетичко гориво

Успешен пробен лет со целосно синтетичко гориво
Лондон, 18 ноември 2021 (МИА) - Британските Кралски воздухопловни сили (КВС) поставија Гинисов рекорд откако пилотот Питер Хакет го направи првиот лет во светот користејќи само синтетичко гориво. Лесниот авион „Икарус Ц-42“ полета од аеродромот „Котсволд“ на 2 ноември со синтетичко гориво од британската компанија „Зиро петролеум“, а историскиот лет траеше 21 минута. Иницијативата е дел од поголемите напори за намалување на емисиите на јаглерод, како дел од проектот „МАРТИН“ на КВС, којшто разви синтетичко гориво со намалување до 90 отсто од емисиите на јаглерод по лет без да се загрозат перформансите на авионите. Синтетичките горива се атрактивна опција бидејќи ја испорачуваат истата енергија како фосилните горива, но без зголемување на емисиите на јаглерод. Уште поважно, овие горива може да се користат за конвенционални мотори без никакви измени. Воздухопловните сили на САД се исто така заинтересирани за оваа технологија и имаат користено синтетичко гориво, но како додаток на фосилните горива за авиони. Затоа, обидот на КВС да користи целосно синтетичко гориво е храбар потег. КВС планира да ја воспостави воздухопловната база „Нето 0“ до 2025 година. Планот на Британската влада е да достигне статус на „нето 0“ до 2050 година.  си/

Остани поврзан