• сабота, 20 декември 2025

Усвоен правилникот за вршење видео надзор на три локации во Делчево

Усвоен правилникот за вршење видео надзор на три локации во Делчево
Делчево, 12 март 2021 (МИА) - Советот на Општина Делчево го донесе правилникот со кој се предвидува вршење видео надзор на три локации на територија на општината. Со цел заштита на сопственоста поради честата појава на оштетување на општинскиот имот, видео надзор како што беше истакнато на денешната седница, предвидено е да биде поставен на три локјации во градот. - Видео надзор ќе се поставува на пешачкиот мост „Гоце Делчев“ на реката Брегалница, на детското игралиште во населба Ново Делчево и на тениското игралиште во населба СРЦ. Истиот ќе се врши со 11 камери, при што по 4 камери ќе бидат поставени кај детското и тениското игралиште, додека 3 камери е предвидено да бидат поставени кај пешачкиот мост Гоце Делчев. Целта на активноста е заштита на имотот и стварите во општа употреба од кражба, вандализам, уништување или друга форма на загрозување на имотот и добрата и за подобрување на безбедноста и здравјето на сите граѓани, беше кажано во рамки на образложението на одлуката на денешната седница на Совет во Делчево. Во рамки на одлуката делчевските советници ги дефинираа понатамошните правила, под кои треба да се врши видео надзорот. - Во донесувањето на правилникот и останатата документација која е потребна за поставување и вршење видео надзорот, се применети одребите од новиот закон за заштита на личните податоци, кои се однесуваат на вршењето видеонадзор. Во таа насока пред советниците беа презентирани правилниците за содржината и формата на актот за начинот на вршење видео надзор, како и анализите на целите за кои се поставува видеонадзорот и извештајот од извршена периодична оценка на постигнатите резултати од системот за вршење видеонадзор, додадоа од општината. Правилникот за начинот на вршење видео надзор на територијата на Општина Делчево и проценката на влијание за заштита на личните податоци беа усвоени со мнозинство гласови од страна на делчевските советници. вс/оџ/

Остани поврзан