• недела, 22 декември 2024

Усвоени буџетите на Струмица и Василево

Усвоени буџетите на Струмица и Василево

Струмица, 28 декември 2023 (МИА) - Советите на општините Струмица и Василево на денешните седници ги усвоија буџетите за наредната година. Буџетот на Струмица тежи 1.525.250.690, а на Василево 679.900.000 денари.

Општинската каса на Струмица ќе се полни од блок дотации во износ од 700.782.690 денари, 45.727.000 денари се однесуваат на самофинансирачки активности на буџетските корисници, 45.131.000 се донации и средствата од основниот буџет се во износ од 733.610.000 денари.

Градоначалникот Костадин Костадинов пред советниците детално го образложи буџетот за 2024 година и програмите коишто ќе се реализираат, потенцирајќи дека тој ќе биде развоен и ќе го продолжи прогресот на Општината и граѓаните. Тој додаде дека по консултациите со граѓаните преку одржаните собири по урбаните и месните заедници и форумските сесии на Буџетскиот форум на кои учествуваа претставници од руралните и урбаните месни заедници и буџетските корисници произлегле многу предлози и писмени барања кои се вградени во развојните програми и тие сега се составен дел на Буџетот за 2024 година.

Буџетот, пак, на Општина Василево ќе се полни од дотациите за основното образование и градинката во износ од 111.718.000 денари, за самофинансирачките активности 11.609.500 денари од кои од донации се планирани 88.750 денари. Во расходниот дел кај основниот буџет за капитални расходи планирани се 32.570.000 денари и за тековно оперативни расходи 35.300.000 денари. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан