• четврток, 27 јуни 2024

Уписот на првачињата во Прилеп е при крај

Уписот на првачињата во Прилеп е при крај

Прилеп, 27 мај 2021 (МИА) - Над 80 проценти од преку 600 идни првачиња го завршија уписот во 10-те прилепски училишта. Рокот за уписот е до крајот на мај и надлежните се уверени дека сите деца ќе бидат запишани.

Се совладуваат новините за уписот - електронското пријавување и во документацијата да има извештај од офталмолошки преглед. Гордана Темелкоска, родител на прваче вели дека се снашла со новините, иако дошла, со закажан термин за упис на своето дете.

- Се обидов електронски, ама кога има, кога нема интернет и решив да го доведам детето во училиштетото. Имавме малку проблеми со офталмолошкиот преглед, со закажувањето, но, сепак завршивме работа. Малку подоцна се запишуваме, еве при крајот на рокот, ама во ред е. Се надевам дека на есен ќе почне со физичко присуство, вели Темелкоска.

Билјана Дукоска, педагог во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп е задоволна од текот на уписот и од бројот на првачињата.

- Добро протекува процесот. Јас сум задоволна од уписот оваа година. Новините се прифатени. Родителите носат извештај од офталмолошки преглед. Има некои исклучоци, но, даваме рок до крајот на уписот, или уште неколку денови, да донесат потврда. И бројноста на учениците задоволува, и начинот како се вклопуваат првачињата, вели Дукоска.

Бројот на првачињата е на ниво на последните години, а во руралните средини има зголемување. Надлежните уеруваат дека иако уписниот рок е при крај, ќе се запишат сите деца во прво одделение со надеж дека од есен здравствената состојба ќе биде подобра и ќе се слуша детскиот џагор. ем/ар/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан