• понеделник, 23 декември 2024

УНРВА се жали на односот од израелските сили кон нејзиниот персонал

УНРВА се жали на односот од израелските сили кон нејзиниот персонал

Њујорк, 18 април 2024 (МИА) – Агенцијата на Обединети наци за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека некои нејзини вработени и други лица приведени од израелските сили во Појасот Газа биле малтретирани.

Во извештајот УНРВА се наведува дека персоналот кој бил приведен, во некои случаи, додека биле на службена должност, биле „држани во изолација и подложени на истите услови и малтретирање како и други затвореници“.

УНРВА упати официјален протест до израелските власти поради односот кон притворените вработени во Агенцијата.

До денес УНРВА нема добиено никаков одговор на овие протести, се посочува во извештајот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан