• сабота, 17 февруари 2024

УНИЦЕФ го осуди сексуалното насилство врз жените и децата на 7 октомври, без да го спомене Хамас

УНИЦЕФ го осуди сексуалното насилство врз жените и децата на 7 октомври, без да го спомене Хамас

Њујорк, 6 декември 2023 (МИА) – Организацијата за децата на ОН – УНИЦЕФ го осуди сексуалното насилство врз жените и децата на 7 октомври, но не ги споменува сторителите, терористичката група Хамас.

- Извештаите за сексуално насилство на 7 октомври во Израел се ужасни, напиша извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел на X.

- Преживеаните мора да бидат сослушани, поддржани и да им се обезбеди грижа. Наводите мора целосно да се истражат. Го осудуваме родовото насилство и сите форми на насилство врз жените и девојчињата, нагласува Расел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Џо Бајден вчера ги критикуваа групите за човекови права, женските организации и Обединетите нации дека не проговориле за силувањата и другите злосторства извршени од Хамас врз израелските жени и деца. јт/

Остани поврзан