• петок, 05 декември 2025

УНЕСКО препорача италијанската кујна да биде дел од Списокот на светско наследство

УНЕСКО препорача италијанската кујна да биде дел од Списокот на светско наследство

Рим, 10 ноември 2025 (МИА) - Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура - УНЕСКО денеска препорача италијанската кујна да биде запишана на Списокот на светско наследство, објавија италијански медиуми.

Тим стручњаци од Организацијата на ОН, од повеќе делови од сцветот, ги објави резултатите од техничката проценка, по што препорача италијанската кујна да биде запишана како нематеријално културно наследство на човештвото. Ова мислење сега ќе биде проследено до Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО.

Конечната политичка одлука за ова прашање би требало да се донесе на Состанокот во Њу Делхи, Индија, којшто ќе се одржи од 8 до 13 декември.

Доколку Комитетот ја потврди оваа техничка проценка, италијанската кујна ќе стане првата во светот што ќе добие такво признание од УНЕСКО.  си/јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан