• понеделник, 25 ноември 2024

Унгарскиот претседател ја потпиша одлуката за членството на Шведска во НАТО

Унгарскиот претседател ја потпиша одлуката за членството на Шведска во НАТО

Будимпешта, 5 март 2024 (МИА) – Унгарскиот претседател Тамаш Суљок ја потпиша одлуката со која и се овозможува на Шведска да се приклучи на НАТО, соопшти неговиот кабинет.

Унгарските пратеници на 26 февруари, последни од сите држави членки на Алијансата, го одобрија членството на нордиската земја во НАТО, земјата која претходно два века имаше политика на воена неутралност. Стокхолм ја напушти оваа политика по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Унгарците со месеци го одложуваа одобрувањето на шведското членство, се до минатомесечната посета на шведскиот премиер Улф Кристерсон на Будимпешта, кога беше потпишан билатерален договор за продажба на оружје.

Унгарскиот парламент минатата недела му ја испрати одлуката на претседателот на потпис. Останатите формалности, како што е складирањето на пристапните документи во Вашингтон, веројатно ќе бидат брзо завршени.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан