• понеделник, 23 декември 2024

Умтити сака да се пресели во клуб од ЛШ, Барселона го губи трпението

Умтити сака да се пресели во клуб од ЛШ, Барселона го губи трпението
Барселона, 4 јануари 2022 (МИА) - Барселона допрва треба да најде нов тим за централниот дефанзивец Самуел Умтити, на кого клубот не смета. Каталонците веќе го губат трпението со статусот на Французинот, бидејќи фудбалерот, очигледно, нема намера да ја напушти Барселона. Ова е сериозен проблем за клубот од „Камп ноу“, бидејќи Умтити има една од највисоките плати. Изминатото лето Самуел одбил пет понуди од различни клубови и побарал средба со претседателот на Барса, Жоан Лапорта за да издејствува последна шанса во Каталонија. Клубот му даде можност на играчот да се докаже, под услов Умтити да си замине доколку не го освои натпреварувањето до јануари. Сега Барса е свесна дека Умтити едноставно чека понуда од клуб кој игра во Лигата на шампионите. Каталонскиот клуб разбира дека Французинот нема да добие таква понуда. Дваесет и осумгодишниот играч оваа сезона одигра само еден натпревар за Барса во сите натпреварувања. зс/

Остани поврзан