Умтити сака да остане во Барселона до крајот на неговиот договор, во клубот се бесни на неговото однесување
- Дефанзивецот Самуел Умтити се уште нема намера да ја напушти Барселона. Французинот одбива да ги разгледа добиените предлози и има намера да остане во тимот до крајот на договорот што истекув

Барселона, 25 август 2021 (МИА) - Дефанзивецот Самуел Умтити се уште нема намера да ја напушти Барселона. Французинот одбива да ги разгледа добиените предлози и има намера да остане во тимот до крајот на договорот што истекува во 2023 година.
Барселона е бесна на ваквото однесување, пренесува „Диарио Спорт“. Блауграна за Умтити изјави дека ова однесување е неприфатливо.
Во следните денови, Каталонците повторно ќе му понудат на дефанзивецот да ги разгледа добиените понуди.
Доколку Умтити одбие, Каталонците се подготвени да преземат драстични мерки - на пример, раскинување на договорот. зс/