• среда, 11 декември 2024

Улиците „Кочо Рацин“ и „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово споени со пешачко-велосипедска патека

Улиците „Кочо Рацин“ и „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово споени со пешачко-велосипедска патека

Берово, 11 декември 2024 (МИА) - Во Берово заврши изградбата на новата пешачко-велосипедска патека. Изградбата на патеката, како што соопшти денеска, градоначалникот на оваа општина Звонко Пекевски се реализира рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици.

- Пешачко велосипедската патека претставува спој на улиците,,Кочо Рацин" и „Дедо Иљо Малешевски" во Берово. Со изградба на патеката, во должина од околу 40 метри и широчина 2,5 метри и бетонски скали, се урбанизира еден доста руиниран дел од Берово, истакна Пекевски.

Со реализација на проектот, како што додаде, жителите кои живеат во овој дел од градот, добиваат олеснет пристап до центарот на градот.

- Од друга страна ќе се зголеми безбедноста на пешаците и ќе се овозможат поквалитетни услови на жителите од овој дел, за нивните секојдневни активности, додаде Пекевски.

Од Буџетот на општина Берово за 2025 година за изградба на велосипедско-пешачката патеа обезбедени се 292.993,00 денари. вс/цр

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан